ССМ утре на состанок со сите гранкови синдикати ќе заземе став во однос на последниот апел на министерот за здравство Венко Филипче, раководителите во државните институции и работодавачите од приватните фирми да ги мотивираат вработените да се вакцинираат.Но наспроти потребата од мотивација, синдикатот посочува на поинакви ситуации

ССМ во изминатиот период укажуваше на сериозноста од зголемен број на пријави поради тоа што некои несовесни работодавачи на работниците не им дозволувале и ги попречувале, во работни денови да се ваквинираат иако имале закажан термин за вакцинација по свој избор. Од друга страна свесни сме дека во нашето опкружување беа воведувани одредени финансиски и други погодности со цел поттикнување на населението и работниците во поголем број да се имунизира се со цел враќање на сите фунционалности на општеството и државата и спречување на повторно затварање. ССМ бараше дури и денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но за жал ниту тогаш ниту денес тоа не е случај.

Имајки го во предвид ова, како и фактот дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, а при истото граѓаните преку пополнување на формулар прифаќаат дека ниту државата, ниту производителот на вакцините не сноси никаква одговорност за евентуалните негативни последици од истата, ги прашуваме работодавачите дали се спремни тие да сносат таква одговорност. Сето ова може да ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза.

Укажуваме дека не постои законска или било каква друга можност заради одбивање на наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.