Претседателот на ССМ, Дарко Димовски изјави дека тие дошле до информации дека работодавачи го злоупотребиле Законот за работни односи и не исплатиле плата од предвидениот минимум.

Платите и работните места се делат според образование и каква сложеност на работа работиш.

Апсурдот да е поголем што државата ги додели тие 14.500 денари, а преку 700 работодавачи не ги исплатиле, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Ние како ССМ, потенцира тој, ќе отвориме широка дебата како понатаму.

Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.