Движењето за социјална правда „Обединети работници” бара ИТНА државна интервенција со цел да бидат исплатени платите на работниците кои што самите ги заработиле! Мора да престанат политичките игри и да се започне со работа за да се зачува работничката класа од грубата експлоатација со која што се соочени! Во спротивно државата ќе го почусвствува гневот на работникот!, велат од Движењето.
Денес на прес-конференција која што ја одржа директорката на Управата за јавни приходи ( УЈП ), Сања Лукаревска, беше потврдено она кое што одамна е јавна тајна – алармантна е состојбата во која што се наоѓа работничката класа! Плати нема ни за лек!
Имено, на над 55 000 работници кои што чесно ги извршуваат своите работни обврски сеуште не им се исплатени платите за месец март, додека над 10 000 работници се оставени на цедило уште од февруари! Ова е скандалозно и мора да се превземат сериозни чекори за санирање на овие штетни појави, како и создавање на терен за превенција на повторување на истото во иднина!
Државата наместо да биде заштитник на работничката класа и да и помогне во остварување на нејзините права и интереси, таа продолужува да биде причината поради која што се случува сето ова! Токму нејзините политички надмудрувања и задоволувањето на партиските интереси дополнително ја влошија и онака катастрофалната состојба на работниците, поради ненавремено доделување на пакет-мерки кои што беа неквалитетни и нефункционални во пракса, неажурност на институциите и немање слух за реалните проблеми на народот.
Основното и најважното право при работен однос – право на ИСПЛАТА НА ПЛАТА, наместо да биде приоритет на власта, таа го задржува континуитетот на незаинтересираност за работниците, кои што повторно се докажа дека се оставени сами на себе во борбата за егзистенција.
Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!, се вели во отвореното писмо на Движењето за социјална правда „Обединети работници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.