Во април во однос на јануари во приватниот сектор плата не земале речиси 21 илјади вработени, објави Алсат М. Од Управата за јавни приходи информирале дека заклучно со вчерашниот ден биле поднесени 5.392 помалку пресметки за плата од правни лица и самостојни вршители на дејност за месец април во однос на јануари.

Од УЈП напоменуваат дека доколку обработката на податоци за април се врши во понареден период, бројот на поднесени пресметки за плата би се зголемил.

20 977 лица во април не добиле плата – рекоа од УЈП.

Информацијата пак која ја објави дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска од ВМРО ДПМНЕ е дека во април плата не добиле 30.456 вработени во реалниот сектор. Кочоска во Економски магазин на Алсат ја праша власта, дали станува збор за вработени кои се избркани или поради друг основ тие лица останале без приходи во април. Од Организацијата на работодавачи за Алсат велат дека се сигурни дека станува збор за компании кои се во „кома“.

Тие фирми немаат никаков приход на нивните сметки, а во моментов извршувањето е стопирано и тука нема што да се стори. Добар дел од овие компании работодавачите сметаат дека ќе паднат во стечај или ќе одат во ликвидација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.