Техничкиот претседател на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, директорката на УЈП Сања Лукаревска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и Кристина Ампева од невладината „Гласен Текстилец“-Штип, денеска ја посетија текстилната конфекција „Албатрос“.

Техничкиот премиер, Спасовски кажа дека е горд што Владата успеа во изминатите две и пол години за 60 проценти да ја зголемија минималната плата, но почнале и значајни процеси, кои како што рече ќе ги продолжат и понатаму и тоа во делот на помагањето на економијата и на работодавците, но од друга страна и да се заштитат работниците и нивните права.

-Меѓутоа не застануваме тука, туку со дијалог ќе продолжиме понатаму да ја зголемуваме минималната плата, како што ќе се менуваат и условите за водење бизнис во државата и како ќе расте економијата. Навистина многу значаен момент е тоа што за првпат веќе се изедначува минималната плата за сите гранки и за кожарската индустрија и за текстилната индустрија, што досега не беше случај. Затоа благодарам на сите и на работодавачите и на работниците за дијалогот, којшто го направивме и ги постигнавме овие заеднички успеси и резултати, вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.