Директен конфликт на интерес во кабинетот на министерката за финансии Нина Ангеловска, открива истражувањето на „Економски Лидер“.
Компанијата „Про агенс“ која е во сопственост на Павле Гацов, советникот на министерката задолжен за даночни политики од доаѓањето на СДСМ на власт па наваму од државни институции како тендери добила набавки во вредност од 3.249.714 денари.
Гацов во јавноста беше познат по тоа што ги бранеше политиките за воведување на прогресивен данок, а сега е во кабинетот на министерката која повторно го врати рамниот данок.
Во прилог, „Лидер“ изготви графикон за тоа колку пари од која институција добил советникот Павле Гацов, кој како советник ги распоредува а како бизнисмен ги прима државните пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.