Туристичко-угостителската комора (ТУК) на прес-конференција денеска ќе ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор поради штетите предизвикани од корона-кризата.
Состојбата во секторот во моментот е крајно алармантна и правните субјекти се соочуваат со колапс. Угостителскиот сектор од 14 март 2020 година се до денес работи под рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосни рестрикции, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност и загуба на работни места, информира Туристичко-угостителската комора.
Ставовите на ТУК ќе ги изнесе потпретседателот Мартин Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.