Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски сподели две фотографии од Тиквешко Езеро направени вчера. Нивото на езерото е под минимумот, а таква е состојбата и со Дебарското Езеро, со Калиманци, Мавровското Езеро, со сите вештачки акумулации.
Ова е директна причина зошто нема струја, зошто се воведуваат рестрикции, уредби за кризна состојба, екстремни поскапувања на струјата, цената која што ќе ја плаќаат сите граѓани!
Ова е директна (не)одговорност на власта, директна вина имаат луѓето на Заев, неговите миленици и партнери во девастацијата.
Ова е катастрофа заради којашто оваа власт мора да падне!
Само падот на Заев нема да ја спаси девастацијата, ако останат истите заеви марионети.
И на крајот;
Ова е катастрофа која што треба да е во фокусот на јавноста, на сите медиуми, бидејќи ова е катастрофа која што ги опфаќа сите луѓе во Македонија.
Но, ова е нешто што Заевизмот го сокрива преку скапо платени медиумски кампањи за спас на сопствената политичка кариера!
Веќе не е прашање на политика, прашање на опстанок на Македонија, опстанок на луѓето, сите луѓе во Македонија, е оставката на власта и брзи предвремени избори, пишува Стоилковски.
Со месеци опозицијата предупредува дека ќе дојде до енергетска криза затоа што вештачките езера се експлоатираат и немаат доволно вода.
Македонија е исправена пред еколошка катастрофа до која неминовно ќе дојде со празнење на вештачките езера. Подводната црква во Мавровското Езеро одамна е далеку од вода, водата во Тиквешкото Езеро нема доволно кислород, а на Дебарското може да се игра фудбал. Водите на езерата рапидно се повлекуваат оставајќи зад себе глетка која вознемирува и предупредува дека ако не се преземе нешто во најскоро време ќе ги согледаме сите последици од човечката немарност.
Повлечено е Мавровското Езеро, за што сведочат овие фотографии. На Фејсбук страницата посветена на градот Гостивар за состојбата на Мавровското Езеро прстот диретно се вперува кон ЕЛЕМ Гостивар.
Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.
Каде истекува водата, засега нема одговори иако постојат индиции дека се трошат на зголемување на потенцијалот на реката Црн Дрим, која потоа полни неколку приватни хидроцентрали на албанска страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.