Неколку куќи кои се наоѓаат на атрактивни локации во крајезерскиот дел на Охрид и се проценети на износи од околу 1 милион евра се ставени на продажба во неколку агенции за недвижности во Охрид, објави Охрид 1.

Според порталот ваквиот зголемен интерес за продажба на овие атрактивни недвижности се појавил одеднаш и тоа во минатиот понеделник, само еден ден од како полицијата заплени пловен објект за кој подоцна медиумите информираа дека е запленет заради проширување на истрагата во мега аферата „Рекет“ и најавените проверки на потеклото на имотот кои не се знае кого се ќе зафатат, но извесно е дека ќе го зафатат и Охрид.

Од агенциите за недвижности велат дека куќите се практично нови, и ги има од населбата Рача па се до Пештани, додека од Трпејца или Љубаништа сеуште нема пријавени газди кои сакаат да продадат набрзина куќи вредни милиони евра. Објектите во најголем дел се во сопственост на луѓе кои живеат од плати и официјално немаат бизниси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.