Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски, објави „Макфакс“. Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеца откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска-Јанковски ја потврдила информацијата за „Макфакс“ додавајќи дека Миновска била избрана на јавен конкурс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.