Стопанството и економијата се пред колапс. Ова го говорат сите податоци и информации од релевантните институции.

Имено, според последните информации на Државниот завод за статистика во вториот квартал БДП изнесува – 12, 7 отсто што е историско катастрофална бројка.

Според официјалните податоци за првите 6 месеци од годинава 40.000 граѓани останале без работа во државата додека прогнозите од ЕБОР за македонската економија не се воопшто позитивни и оптимистички. Имено, ЕБОР прогнозира пад на економијата од 5 отсто за 2020 година.

Исто така разочарувачки е и енормно слабата реализација на капиталните инвестиции заклучно со месец август. Според последниот извештај на министерството за финансии за извршување на буџетот капиталните трошоци изнесуваат минорни 39, 63 отсто.

Пад има кај сите параметри освен кај јавната потрошувачка.

Според официјалните бројки најмногу претрпел извозот. Извозот во првите седум месеци бележи пад од 21,4 отсто, кај увозот намалување за 17,3 отсто. Според објавените податоци вредноста на извозот во периодот јануари – јули 2020 година изнесува 3.297.625 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, во тој период, изнесува 4.511.999 илјади американски долари, што е за 17,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1.214.374 илјади американски долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.