По најавите за значително поскапување на горивата се поизвесно станува дека ќе има и големо поскапување на струјата. Премиерот Заев денеска вели дека не може да гарантира дека струјата нема да поскапи.
Тој вели дека планот на Владата е да го намали ДДВ-то од 18% на 5%, но не може да гарантира дека ќе успее во тоа бидејќи како што рече „може Мицко да блокира“.
Не можам да гарантирам, оти може Мицко да блокира одредени закони. Сите работи не зависат само од мене. Сега цената на струја на берза е зголемена до 75 долари а ние, во моментов на излезот од коронакризата сакаме да ваков начин да осигуриме дека нема да има покачување за граѓаните да не почувствуваат. Гледаме дека тоа го предлага и опозицијата, добро е што се согласуваме. Сите работи не зависат од мене, но дефинитивно агендата е устроена и државата има стратегија за меко спуштање на цените на либерализација на пазарот. Ние како земја треба да направиме се да не дојде до покачување на цената. ДДВ-то од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули, изјави Заев.
Најавите за намалување на ДДВ-то за струјата се само уште една потврда дека од август ќе плаќаме значително повисоки сметки бидејќи овој енергенс во намјмала рака ќе поскапи за 15%.
Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 проценти.
Токму преку ваквите механизми овозможуваме социјална стабилност на граѓаните. Ќе ги развиеме сите социјални програми за во 2022, 2023 и 2024 година најсиромашните граѓани да бидат подготвени полесно да ги пребродат сите енергетски промени што ќе дојдат со транзицијата од јагленовите термоелектрани во зелените енергии како што се фотоволтациите и ветерниците, појасни Заев.
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела предупреди дека е невозможно струјата да не поскапи. Неговите проценки се дека поскапувањето ќе биде меѓу 15 и 18%. Доколку се случи тоа извесно е дека и со намалено ДДВ, граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки од оние кои ги плаќаат сега.
По претпоставка дека струјата ќе поскапи за 18% а ДДВ-то ќе се намали за 13 процентни поени, тогаш ќе имаме околу 5% повисоки цени.
На сметка од 3000 денари за струја тоа ќе биде поскапување за околу 150 денари. Поголем удар ќе почувствуваат граѓаните кои се греат на струја и плаќаат повисоки сметки за струја.
Зголемената инфлација e резултат на поскапувањето на струјата
Инфлацијата во Македонија е зголемена како резултат на зголемувањето на цената на струјата за домаќинствата лани во јули веднаш по изборите . Тогаш владата ја поскпапе струјата за 7,4 проценти.
„И меѓународните релевантни институции потврдуваат дека во Македонија има највисока стапка на инфлација токму поради зголемувањето на цената на електричната енергија“, вели Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.