Државата ќе плати двојно повеќе пари на извршители по извршни исправи. Повеќе пари ќе се потрошат за привремени вработувања, купување мебел, трансфери кон невладини организаци и разни трансфери.
Министерот за финасии Фатмир Бесими тврдеше дека со предвиденито ребаланс се крателе непродуктивните расходи, односно расфрлањето на државните институции со народни пари. Конкретно, прашан дали и што се крати, Бесими тврдеше дека се намалени ставките како купување на мебел, стоки услуги, набавки на возила.
Сепак, ребалансот покажува дека за мебел за државните институции со буџетот биле предвидени 1,5 милиони евра, а со ребаланост рипнале на 2 милиони, што значи предвидено е да се потрошат дополнителни речиси 500.000 евра.
Ако државата со проектираниот буџет пресметала дека треба да плати 5,1 милион евра на извршители по извршните исправи, сега со ребалансот сумата се дуплира и изнесува 9,9 милиони евра, или 4,8 милиони евра повеќе од првично проектираното. Ставката за плати на администрацијата е приближно иста, но сепак расте таа за привремени вработувања. Ако првично беа планирани 2,4 милиони евра, сепак до крајот на годината ќе се потрошат 2,7 милиони ева, или 324.000 евра повеќе.
Најмноу пораснала ставката за субвенции и трансфери, од 454 милиони, на 623 милиони евра со ребалансот. Или ќе се потрошат 169 милиони повеќе од првичните проекции. Покрај што во оваа ставка растат субвенциите за јавните претприја, има субвенции и за приватни фирми, но најмногу пораснале трансферите кон невладините организации – за речиси 1,5 милиони евра.
Ако првично се планирало на невладините да се поделат 8,9 милион, сега ќе се потрошат 10,3 милиони евра за таа намена. Додека пак ставката разни транфери пораснала за фантастични 177 милиони евра, или од 411 милиони се искачила на 589 милиони евра кои треба да се потрошат од државната каса.
Од Министерството за финансии велат со вториот ребаланс се оптимизирале сите позиции во буџетот во насока на заштеди, кои може да се насочат за финансирање на четвртиот сет мерки. Трансферите за невладините организации биле зголемени заради редовно финансирање на политичките партии.
Со вториот ребаланс на дражавната каса пораснаа и расходите на институците. Наместо 3,95 милијарди колку што предвиде првиот ребаланс, сега ќе се потрошат 4,1 милијарда евра, што е историски најтежок државен буџет до сега. Дефицитот е проектиран на 8,4 проценти од БДП или ќе фалат 920 милиони евра во буџетот, пари кои ќе се обезбедат со домашни заеми. Со ребалансот кој веќе е доставен пред пратениците Владата проектираше пад на БДП од 4,4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.