На оваа своја седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата го утврди Предлог-законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се предлага дополнително усогласување на пензиите, покрај редовното усогласување на уредено со член 37 став (1) и (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Дополнителното усогласување зависи е поврзано со порастот на минималната плата за повеќе од 15% и порастот на просечната плата за повеќе од 5%. На овој начин вредноста на пензијата се дава можност висината на пензиите да расте со вредноста на платата, што овозможува подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година, со план за спроведување на територијата на целата земја и ќе биде насочена кон сите млади лица од возрасната група од 15 до 29 години што законски престојуваат во Македонија и не се вработени и не се вклучени во образование или обука.

Ова е третата фаза од имплементацијата на оваа мерка која во двете пилот фази по региони даде одлични резултати во процесот за вработување на младите.

Владата ја разгледа и усвои информацијата за продолжување на постоечкиот проект за изградба и опремување на спортски сали во основните училишта, и рехабилитација на основни и средни училишта за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта во рамки на 5-от отворен повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) до Европската Комисија, најдоцна до 06.12.2019 година.

На оваа своја седница Владата го усвои предлог-закон за задолжување на земјава со заем кај германската банка за поддршка на развојот КфВ за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Македонија.

Владата денеска ја одобри постапката за преговори за потпишување на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за отворање на нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац“.

Министерството за одбрана предложи, а Владата денеска прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, која се состои од 3716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за потпишување Договор за грант за набавка на музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера Владата на Јапонија ја додели на оваа наша национална установа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.