Екс министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски, преку својот Твитер профил ја праша Владата до каде се со отварањето на автопатот Миладиновци – Штип, за кој рекоа дека ќе биде пуштен во употреба до крајот на јануари.

Бидејќи Владава работи на ‘’Facebook’’ објави и дојави, да ве потсетиме дека ветивте ќе го пуштите во употреба автопатот Миладиновци – Штип до крајот на месец јануари, дали утре да организираме плех музика? Или пак месец јануари за вас има повеќе дена во вашава Северна?, пишува вчера Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.