Македонија три години тоне, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие во денешното соопштение испратено до медиумите посочуваат која е  реалноста што се гледа кога ќе се тргнат, како што велат, розевите очила на Заев.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме:

-Понижени просветни работници.
-Земјоделци кои немаат ни за леб.
-Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат на рака на работодавачите.
-Лекари кои земаат плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.
-Бизниси кои се рекетирани.
-Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.
-Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.
-Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.
-Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.
-Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.
-Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.

На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.