Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ следи мало зголемување на цените на горивата. Цените на бензините се зголемуваат за по половина денар, додека цената на дизелот останува иста.

Така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР – 95 и ЕУРОСУПЕР – 98 ќе чинат 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува и еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 61.00 денари.

Цените ќе се сменат вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.