Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски во вклучувањето во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ истакна дека ниту еден граѓанин на Република Македонија не смее да остане без приход како резултат на економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.
Влеговме во економска рецесија, барем во оваа фаза. Економската рецесија значи колапс на економската активност, намалување на економската активност. Во првата фаза во голема мера беше предизвикана како нужност за заштита на здравјето на нацијата, значи мерка од јавното здравство така треба да ја третираме. Ако се согласуваме дека затварањето на универзитетите, школите итн. што повлече родители на деца помали од 10 години да остануваат дома. Понатаму мерката на државата за затворање на угостителски објеки и слично е мерка за заштита на јавното здравје и оттука ниту еден вработен во наредните неколку месеци додека трае пандемијата, не треба да остане без доход, ниту еден семеен бизнис по вина на оваа трагедија не треба да престане со работа. Ниту една компанија која што добро работела не треба да ги прекине врските со своите добавувачи, со своите доверител, со своите комитенти итн. Сега сакам да се разбере оваа поента дека не треба да се прави никаква разлика дали со средства од буџетот набавувани заштитни маски, респиратори, болнички кревети, исплаќаме плати и бонуси за лекарите, значи нема разлика помеѓу тоа и дали исплаќаме субвенции за надомест на плати на оние вработени кои што седат дома како резултат на потребата од заштита на јавното здравје за неширење на вирусот. Ова значи дека не треба да имаме никаква дилема дека уште со мартовската плата од буџетски средства да се обезбеди одреден процент од платата на сите компании што се погодени, вели Славевски.
Според проценките на професорот државата има капацитет да субвенционира некаде околу 50 проценти од бруто платата на работниците, а може да се постават и прагови за повисоките плати во однос на просечната плата.
Мислам дека можностите на Македонија се субвенции некаде до 50 проценти од бруто платата, 70/80 проценти од нето платата може да се постават прагови тоа да биде до просечната плата, помал износ за повисоките плати итн. Ова Република Македонија има капацитет да го постигне со да речеме некаде околу 110 милиони евра месечно, тоа е 1 процент од БДП на Република Македонија. Жестината на кризата да трае, два, три месеци, два проценти, три проценти од БДП да речеме сума некаде од 350-400 милиони евра ние мораме да ја обезбедиме и тие средства ќе ги обезбедиме од надвор. Бидејќи не сме држава која што може да печати пари, посочи професорот.
Славевски апелираше и обврските за граѓаните кои течат како кредитите и кириите тие мора да запрат, државата треба да биде таа која ќе ги исплати од буџетски средства.
За обврските што течат, дали се кирии, дали се камати на кредити, ануитети по кредити, мојата теза е дека животот треба во метафорична смисла да застане на 17 март 2020 година во 18 часот и неколку минути кога претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. Ова значи дека тие обрски ќе стојат во книгите, нема да течат, нема да се пресметуваат, кога ќе се се создадат услови работата ќе се реши на тој начин што овие обрски сега можеби прелеани во банкарскиот сектор, државата ќе ги подмири со буџетски средства со докапитализација на банките, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.