Недоречени се и конфузни мерките кои владата предводена од СДСМ ги донесе во врска со коронавирусот смета Трајко Славески од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој за овие мерки зборуваше во своето гостување во Телевизија 24.
Недоречени се затоa што за разлика од некои други земји ние следиме какви мерки се презeмаат и на кој начин се комуницира со загрижената јавност насекаде. Кај нас во моментот имаме впечаток дека ниту еден граѓанин, ниту еден вработен или невработен, ниту една компанија не знае каде се наоѓа односно каде ќе се најде со она што беше предложено како таканаречен втор сет мерки и затоа се недоречени, посочи Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.