Професорот Трајко Славески во дебата со министерката за финансии, Нина Ангеловска во емисијата Топ Тема изрази сомнеж за подготвеноста на власта да се справи со глобална рецесија во налетот на пандемијата на новиот коронавирус.
Тој истакна дека надежта дека нема да има некој поголем шок за македонската економија не е план, а тоа не е паметна политика. Многу брзо може да се забават економските активности и во таква ситуација мора да се има план потенцираше Славески.
Видете да темелиме очекување дека ќе можеме да се справиме со некој посериозни последици од ширењето на новиот коронавирус по глобалната, балканските, европските економии и на крај нашата земја мислам дека не е паметна политика. Надежта дека нема да се случи некој поголем шок за македонската економија не е план. Имено оваа пандемија на коронавирусот го забрзува надоаѓањето на глобална рецеција за која што има навестување уште од минатата година, германската автоинфустрија, услугите во најголемата европска економија итн. Ние сме го виделе тоа и претходно во услови на екстерен шок кој што не е невозможен приходите може многу брзо да колабираат, извозот колабира, забавува економската активност и мораме да имаме план – вели Славески.
Според поранешниот министер за финансии државата мора да има план за справување со евентуален економски шок зашто во такви услови, не е исклучено приходите и извозот многу брзо да колабираат, економската активност да замре, а некои компании дури и да престанат со работа.
Славески предложи на компаните да им се овозможи извесно одложување на обврските во однос на плаќањето на даноците зашто може да се случи вработени да останат без доход, па треба да се размислува и за тие луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.