Прогресивното оданочување како што од СДСМ сами тврдат направи големи проблеми во бизнисот кај голем број на поединци и компании и со враќање на рамниот данок ние сме им благодарни на СДСМ бидејќи ја потврди оправданоста од постоење на и натаму рамниот данок во Македонија, ова вечерва во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма го истакна поранешниот министер за финансии Трајко Славески.

Ние не само тоа, туку во првиот месец дека ќе го промениме законот со дополнително намалување на стапката за оданочување на личниот доход, пресоналниот доход и данокот на добивка од 10 на 9 проценти – вели Славески.

Тој додава дека СДСМ во минатото прогресивното оданочување и низа други мерки неправедно на јавноста и беа презентирани со погрешни податоци.

Се тврдеше дека рамниот данок ја зголемила сиромаштијата, што не е точно, се тврдеше дека се зголемила нерамномерната дистрибуција на доход и дека средната класа исчезнала – вели Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.