Во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија ,,Отворено,, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во однос на замрзнувањето на цените на производите и ценовните зголемувања, тој истакна дека мерката е задоцнета и доколку се сакаше спроведување на замрзнувањето на производи потребно е да се реагира побрзо а не да се навестува.

Сведоци бевме на рапиден раст на цените, коишто и претходно растеа но сите цени на овие производи коишто се сега замрзнати. Производите коишто сега се замрзнати непосредно беа значително зголемени и се согласувам со мислењата дека оваа мерка е задоцнета. Доколку се сакаше да се спроведе замрзнувањето на производи потребно беше да се реагира побрзо а не да се навестува – посочи Славески.

Тој додаде дека голем дел од веќе идните зголемувања на производите се веќе вградени во цените и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некој ефект, а сигурно ќе биде минимален од аспект на заштитата на животниот стандард.

Причините коишто доведоа до еден ваков рапиден раст на цените е дека покрај увезената инфлација има и домашни ефекти коишто доведоа до зголемување на цените, како и колапсот со производство на домашна електрична енергија вклучително и сите популистички мерки во изминативе години каде што Владата се расфрлаше со пари на разни страни во економијата итн, сето ова доведе до пораст на цените – нагласи Славески.

Тој како економист не може да се согласи со една ваква мерка која што е не пазарна а ние се стремиме за започнување на почеток на преговори за членство во ЕУ. А токму еден од критериумите кој што го бара ЕУ е функционална пазарна економија, а ние всушност сме се подалеку од тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.