На денешната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа“ во која се зборуваше за економската состојба на Македонија гостуваше поранешниот министер и универзитетски професот Трајко Славески.
Славески истакна дека ако се спореди 2007 година кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и 2017 година кога СДСМ дојде на власт во економска смисла јасно може да се види дека во 2007 година владеело огромен економски оптимизам и стапката на економски раст достигнала скоро 6 % додека сега Владата воопшто не ги постигнала ни приближно резултатите кои ги ветувала и дека состојбата во економијата е очајна.
Во 2007 берзата збесна, имаше развој на институциите додека сега очигледно е дека не се постигнаа резултатите кои ги ветуваше оваа Влада , всушност дијагнозата или причината за ваквите лоши перформанси во економијата треба да се бараат во менаџирањето на главните економски ресори од страна на владејачката гарнитура – истакна Славески.
Универзитетскиот професор кажа дека се очекувало дека капиталните инвестиции ќе бидат на очајно ниво поради колебливоста на Владата за спроведување на некои економски реформи и дека главните економски субјекти ја изгубиле довербата дека на кормилото на економијата има способен кормилар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.