Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски во денешното издание на „24 Анализа” на Телевизија 24 истакна дека ризиците од аспект на финансирање на јавниот долг ќе се зголемуваат. Затоа што според него, волуменот односно количината на пари кои што Владата го позајми и ги насочи во доходи, поддршка, социјала, домаќинства, претпријатија и така натаму, не ќе можат да се вратат од тековните приходи.
И тогаш ќе мора да има нови задолжувања. Новите задолжувања по правило нема да бидат по сегашните услови со истите каматни стапки, како што беа последните две задолжувања. И затоа секој денар што беше позајмен од надвор треба паметно да се искористи, вели Славевски.
Тоа што обесхрабрува и не дава надеж, рече Славевски, е дека барем дел од јавните инвестиции ќе биде реализиран на ефикасен начин. Фактот што изминатите четири години ништо не е направено тоа го потврдува.
Иако врвни академски институции вклучително и МАНУ, на тема како да се подобри менаџирањето со јавните инвестиции препорачуваа и укажуваа на централизирање, но ништо не се промени. Се остави децентрализирано на буџетските корисници, наместо да се формира едно централизирано тело. За овие четири години три пати можеше да се подготви системот. Така што слабиот капацитет на Владата за менаџмент на јавните инвестиции е рак рана за економијата, посочи Славевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.