Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во овој квартал имало 7916 слободни работни места од кои најмногу се во преработувачката индустрија 2210 и трговијата 1283 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,13 отсто има секторот рударство и вадење камен, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,37 отсто.

Според занимања најголем број слободни работни места, 2 044, има во услужните дејности и продажба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.