Меѓународниот аеродром во Скопје ќе се затвори утре на полноќ.
МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ОД УТРЕ (18. МАРТ) НА ПОЛНОЌ ЗА ПАТНИЧКИ ЛЕТОВИ
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија донесена на 16-ти март 2020 година за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, ТАВ Македонија сака да ги информира сите патници и јавноста дека Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен утре, 18-ти март, од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување.
Како аеродромски оператор ги информиравме сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, додека М-НАВ ја објави истата во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.
Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје нема да има патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.
До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk/ , но со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува многу брзо, Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти.
За сите евентуални натамошни промени во работењето на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, кој беше затворен во неделата, на 15-ти март 2020, исто така врз основа на Одлука на Владата, ќе ги информираме патниците и јавноста, согласно информациите и одлуките на Владата штом ќе ги добиеме истите, и тоа преку: медиумите, нашите веб-страници http://skp.airports.com.mk/ и http://ohd.airports.com.mk/, како и нашите страници на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, соопштија оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.