Од 1 јули, кога започна реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку google play store i Apple store ја презеле над 140 000 граѓани, информира Управата за јавни приходи.

Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки, остварен е промет од 1,572,173,704 денари, а повратот од 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 25,368,380 денари, велат од УЈП.
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката како и од ефектите коишто се во насока на намалување на сивата економија. Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и се почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.