Иако полиците на кои беше сместено брашното во продавниците се речиси празни, претставниците на мелничко пекарската индустрија се жалат на намалена потрошувачка, намален број нарачки и неможност за реализирање на договореното. Според нив ова се првичните штети во мелничко-пекарската индустрија што ги предизвика состојбата со коронавирусот.

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.

Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат – истакна денеска на прес-конференција потретседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Според него, државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.