Работниците на Охис се без работа – поминаа 3 години од ветувањата на Заев за рестартирање на фабриката, потсети на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој објави видеоснимка, која е, како што вика, надвор од провладината магла за убав живот, на која се гледа како владиниот врв си поигрува со работниците и нивните судбини по принципот сит на гладен не верува

Во 2017 година лично премиерот Заев вети дека ќе се рестартира. Истото ветување го даде и следната 2018 година, но залудно, бидејќи Охис тапка во место. Оваа година вицепремиерот Анѓушев, неподносливо арогантно и по принципот “сит на гладен не верува” им порача на работниците дека не бил султан за да дели пари, додека работниците на Охис си го бараа ветеното. Погледнете го ова видео, кое е надвор од провладината магла за убав живот, кој во реалноста е пекол и уништување, пишува во објавата на Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со жалење констатира дека додека Владата сее магла за успеси во економијата, народот живее во сиромаштија. Работниците од компаниите загубари се чуствуваат измамени од премиерот Заев и Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.