Сиромаштијата се повеќе расте. Од ден во ден цените на  производите низ продавниците во малопродажба се се повисоки, платите исти, а куповната моќ на граѓаните се помала. Поминаа неполни две години откога СДСМ ја има целосната власта во државата. Имено тие ветуваа живот, но секојдневно удираат по џебот на граѓаните. Во државата повеќе од две третини од граѓаните имаат примања пониски од просечната плата, кои се најподложни на лошите политики на власта.

Поскапувањето на лебот е најновиот шок за мнозинството од граѓаните, граѓаните кои ги сретна нашиот новинар во Скопје велат дека со секое одење во продавница цените се се повисоки, а нашите плати помали. Граѓаните негодуваат поради ваквата политика на власта која резултираше со константни покачувања на цените на низа производи, почнувајќи од прехранбените продукти завршувајќи со услугите како такси превозот и автобускиот превоз.

Во насока на лошата социјална политика на власта, Мицкоски изјави:

Ќе ви кажат дека го поскапеле само најевтиниот леб, излезе еден голем, висок функционер во владата на Зоран Заев и ќе каже го поскапевме само најевтиниот леб. Па како леб јадеме? Зарем има скап кој што е само за вас привилегираните и има најевтин кој што е за нас обичните луѓе? Зарем тоа го заслужија овие луѓе што ви дадоа доверба? Не го заслужија и затоа сме се побројни – вели Мицкоски.

Циклусот на поскапувања почна со зголемување на цената на акцизата за нафатата за 3.5 денари, што предизвика низа покачувања на производите во малопродажба, но и зголемување на цените на транспортерите и превознициге, како и за земјоделците, кои одгледуваат зеленчук во пластеници.

Со сето ова само се потврдуваат тврдењата на лидерот на опозицијата Мицкоски дека владата предводена од СДСМ удира по населението со ниски примања и секојдневно се повеќе се загрозува животот на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.