Работодавачите повторно ја злоупотребија финансиската помош која ја добија од државата- над 100 газди не им ја исплатиле платата на своите вработени за месец февруари и март.
Од ССМ повторно побараа, не само парични, туку и затворски казни, до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата.
Ова не е прв случај газдите да го изиграат системот на грбот на работниците. И на почетокот на корона кризата, финансиската помош од државата дел од фирмите ја злоупотребија и наместо кај работниците парите завршија во нивните џебови. По обеделувањето на тогашниот случај, Владата побара од Обвинителството кривично да ги гони газдите на оние фирми кои ја злоупотребија финансиската помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.