Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика денеска преку соопштение изрази огромна благодарност до вработените и членовите на Синдикатот во ЈП „Национални шуми” за, како што велат, извонредните напори што беа правени во спречувањето на огнената стихија.
Изразуваме посебна благодарност и до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, припадниците на АРМ, МВР и на сите други институции, централни и локални и посебно на месното население, кои несебично се вклучија ризикувајќи ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари, се вели во соопштението.
Според Синдикатот, и оваа природна катастрофа го покажа и го потврди значењето на ЈП „Национални шуми” и дејностите кои ги врши, како и значењето и потребата на вработените во овој систем. Посочуваат на потребата од дополнително вложување во материјалните ресурси и од зголемување на платите на вработените и нивна редовна исплата, како и соодветна трансформација и зачувување на работните места и унапредување на човечкиот и материјалниот потенцијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.