Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари.
Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.
Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438,00 денари, наведуваат од Сојузот на синдикати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.