Со паролата “Пристојна плата и сигурни работни места” се одржа синдикалниот протест во Штип. Ниту снегот не успеа да ги предвои наставниците,воспитувачите, вработени во јавниот сектор да побараат повисок социјален статус.Стотици синдикалци со портокалови елеци, балони и свирчиња ја почнаа својата битка за да власта им го слушне гласот. Сметаат дека со основна плата од 23.500 денари немаат пристоен живот.
Синдикалците се пожалија дека власта останува нема на нивните барања. Иако биле поканети, денес никој не се одважи да дојде и да разговара со нив. Наместо дијалог, со мобинг, уцени и закани сакаат да го задужат протестот, децидни се од конфередацијата.
Доколку и понатаму продолжат со игнорантскиот однос, од конфедерацијата најавија радикализирање на протестите и стапчување на јавниот сектор во генерален штрајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.