Претседателот на синдикатот на ССМ, Дарко Димовски, во случајот со избрканиот работник од Комунална хигиена, смета дека работникот заслужува почит. За конкретниот случај вели дека ќе се испитува одлуката за неговото бркање, но е на ставот дека бркањето од работа поради фрлање на отпад во Вардар не е решение.

Синдикатот на Суткоз е во директна комуникација со Раководството на КХС во врска со немилиот настан се со цел да изнајдеме решение во прилог на двете страни. Но, со свој став ќе излеземе кога заеднички ќе го изпитаме случајот. Но, како и да е потребни се алтернативни санкции,вели Дарко Димовски, претседател на ССМ во изјава за ТВ24.

Од КСС со реакција дека сега веќе избрканиот работник заслужувал алтернативна санкција наместо да биде избркан поради тоа што фрлил отпад во Вардар.

Сега веќе избрканиот работник од ЈП Комунална хигиена не заслушува на тој начин да биде избркан од работа. Потребно било да се разгледаат други алтернативни санкции за негово казнување наместо веднаш да биде избркан. Овој случај заслужува поголемо внимание, – велат од КСС.

Но, за разлика од останатите синдикални организации, првиот човек на Синдикатот на ЈП Комунална Хигиена, Дели Дарлишта одби да одговори дали воопшто како синдикат ќе реагираат по однос на овој случај.

Директорот на ЈП Комунална хигиена, Абдусамед Шабани, одби да даде изјава. Кратко во телефонскиот разговор посочи дека се работи за сезонски работник кој е вработен преку Град Скопје и дека истиот не бил избркан туку дека е отстранет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.