Носителката на листата во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска кажа дека владата на чело на СДСМ целосно го заборавила угостителскиот сектор и дека мерките кои ги носеше биле задоцнети, и недоволни со што моментално угостителскиот сектор се соочува со целосен крах.
„Владата го заборави угостителството или многу доцна виде дека угостителите имаат големи проблеми врзани за отсуството граѓани заради опасноста од зараза со Ковид 19. Потем реагираше но чинам дека реакциите на угостителите беа дека тоа целосно недоволно„ истакна Силјаноска- Давкова.
Дополнително Силјаноска – Давкова како носителка на изборна единица 1 потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ има подготвено стратегија и мерки кои ќе значат заздравување на целокупната економија а со тоа и рехабилитирање на угостителскиот сектор.
„Останува значи за партијата или за коалицијата што ќе победи што значи за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери да го спроведе она што е напишано во програмата . Дека е потребно во првите 100 дена да се посегне по една преодна стратегија за решавање на затечените проблеми или проблемите во тек врзани за економијата и за здравството што значи со ова врзано и статусот на угостителството„ појасни Силјаноска- Давкова.
Силјаноска – Давкова како носителка на изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во програмата „Обнова“ ставени се проекти и мерки конкретни за угостителите како намалување на ДДВ и издвојување на секторот туризам од постојаното министерство за економија и присоединување со министерството за култура каде е вклучено и угостителството. Силјаноска – Давкова појасни дека е една од многуте мерки е и субвенционирање на угостителските капацитети кои би добиле статус зелени хотели и многу други проекти кои го засегаат овој сектор.
„ Една идеа или една информација економистите експертите економски сметаат дека треба на патот на европеизацијата да бидеме стандардни и наместо Министерство какво што имаме сега за економија во кое влегува и туризмот . Туризмот да се извлече од економијата и да се дислоцира во културата , тука го врзувам јас и угостителството во една своја димензија има врска исто така со туризмот и мислам дека на таа линија е добра. Мерката да се намали ДДВ – то што го плаќаат угостителите за да им се овозможи порамноправен настап на пазарот а ако се извлече како што велам туризмот тогаш да имаме едно класично европско министерство како што е министерство за индустрија , за трговија и за развој. Мислам дека е тоа добар потег„ појасни Силјаноска – Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.