Барајки повисоки плати од 7 до 9 часот утрово вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од го блокираа влезот од магистралниот пат Велес – Штип. Организирани од Независниот полициски синдикат, според нивните најави вакви протести утрово имало и во Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово. Протестот беше под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.

Вработени во шумската полиција денеска протестираа и пред Министерството за земјоделство, од министерот Љупчо Николовски браат подобрување на условите во кои работат. Инсистираат да им се платат прекувремената работа и одењето во смени, како и итно да се потпише колективен договор. Се уште не го добиле и ветеното зголемување на платите.Ако во наредните недели не најдат заедничко решение за проблемите ќе следува генерален штрајк, при што согласно законот, 50 отсто од вработените ќе одат на работа.

Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, колективен договор со шумска и затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци“, стои во барањето кое подоцна во текот на денот ќе биде доставено и до Владата.

Ваков протест е најавен и за среда наутро, во истиот термин, на истите локации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.