Машинскиот персонал во Железници на Република Македонија (ЖРСМ) Транспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.
Како што информира Димовски, одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска. Во возниот ред за попладне, како што информира Димовски, се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови.
-Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени, изјави Димовски.
Тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.