Вработените во Македонска пошта денеска излегоа на штрајк пред компанијата. Излезени се двата синдикати на Македонска пошта, а причините како што велат се многубројни.
Поводот задоцнувањето на платата, но не само тоа, туку нашиот револт е поради стравување за нашите работни места, поради лошата финансиска состојба на нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација, вели еден од организаторите на штрајкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.