Податоците за можна девалвација на денарот вечерва ја размрдаа берзата. Според некои податоци средната вредност на еврото во однос на денарот се очекува да достигне 63.54. Македонците прашуваат што се случува со денарот? Дали тој ќе девалвира во однос на еврото?
Не постојат причини ниту било каква потреба да се отвараат дебати во однос на евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи кои можат да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапување на курсот од неговото оптимално ниво. Сметаме дека тековниот контекст во државата не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута ниту на домашниот банкарски систем – тврдеа од НРБМ на 18 март.
Вечерва прогнозите на страниците за електронско тргување предвидуваат девалвација на денарот во однос на еврото. По социјалните мрежи се шири паника. Граѓаните очекуваат образложение од НБРМ во однос на ваквата најава.
Некои смируваат дека не се работи за девалвација и промена на курсот на денарот, што не се исклучува дека може да се случи. Според нив, ваквата прогноза покажува дека ова не значи дека вредноста на денарот паѓа, туку дека народот нема доверба во нашата валута, влада и економија и во кризни времиња ги менува заштедените денари во други валути па има повеќе денари во оптек.
Девалвацијата е намерно надолно прилагодување на вредноста на валутата во една земја, во однос на друга валута, група на валути или стандард.
НАПОМЕНА:
Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво – велат од Народна Банка по објавување на оваа информација за прогнозите на страниците за електронско тргување.
НБРМ тврди дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот и дека девизните резерви што се клучни за курсот на домашната валута се одржуваат на високо ниво, што е двојно повисоко од нивото пред глобалната економска криза во 2008 година.
Тие за утре најавија поконкретна информација за стабилноста на денарот во овој период кога Македонија е во вонредна состојба поради корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.