Потпишување на Меморандуми за учество во гасните проекти и инвестирање во Грција е одраз на незнаење и намера за уништување на енергетиката и економијата во Македонија, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведени неколку клучни прашања, за кои владата нема одговор пред јавноста
Колку ќе добие Република Македонија од ваквата инвестиција? За колку време ќе се вратат вложените средства? Која ќе биде цената на природниот гас? Дали и за кој износ ќе биде намалена цената на гасот заради тоа што Македонија инвестирала во терминалот? Колкава ќе биде цената на електричната енергија која Македонија ќе ја купува од оваа гасна централа?
Одговорите на овие прашања се важни за исплатливоста на инвестицијата и евентуалните придобивки.
Ако цената на природниот гас од терминалот во Александрополис нема да биде најниска во споредба со сите можни извори на снабдување во регионов, тогаш со право се доведува во прашање рентабилноста на неговото работење и способноста, или поточно кажано неспособноста за враќање на вложените финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.