До редакција на Република утрово пристигна маил во кој оштетените штедачи од Еуростандард банка молат за помош поради ситуацијата во која се најдоа, за жал не по нивна вина.

Ние сме дел од 780 штедачи на Еуростандард банка кои за својата судбина т.е. за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем функционирањето на истиот тој систем не доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг, наведуваат во меилот оштетените штедачи.

Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка, сметаат дека, штедачите мора да се организираат и да бидат претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле.

За да не се губи време додека истите структури горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш. За таа цел, сите кој се дел од 780 штедачи чии судбини во наредниот период ќе се преплетат сакајќи или не, да не исконтактираат со било каков предлог на емаил адресата 780stedaciesb@gmail.com ,наведуваат оштетените штедачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.