ЕСМ го изработи и достави до Влада планот за производство за 2022 година, како и финансискиот план. Граѓаните се поизвесно е дека од следната година ќе плаќаат повисоки сметки за струја. ТВ24 објави дека производната цена на струја на ЕСМ од сегашните 36 евра најверојатно ќе порасне на 45 евра за мегават час. Еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата е токму производната цена на ЕСМ.
Според инфромации на ТВ24 државната компанија ќе бара зголемување на цената на струја за дваесетина проценти, во дописот кој е адресиран до Влада дадени се различни пресметки, цени и количини – и што ќе значи секоја од нив финансиски.
Зголемување ќе бара и државната МЕПСО но засега сѐ уште анализираат. Дирекотор Куштрим Рамадани за Телевизијата изјавил дека точни пресметки би имале во следниве денови, но сепак учеството на МЕПСО во крајната цена е минимално.
Дали и колкаво ќе биде зголемувањето според првиот човек на Регулаторна сѐ уште е рано да се говори. Марко Бислимовски во изјава за ТВ24 вели откако ќе ги добијат пресметките од компаниите ќе ја имаат конечната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.