Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната трибина „Фер општество – шанса за сите“ во Битола се пофали дека само со две мерки Владата им вратила на граѓаните 27 милиони евра.
„Нашите клучни ветувања се трудевме да ги испорачаме во правата година – успеавме да ја укинеме радиодифузната такса и да ја вратиме евтината тарифа на струјата. И само по тие две основи успеавме кај граѓаните да вратиме 27 милиони евра, кои нема да останат во државното ќесе, туку ќе се вратат во ќесето на сите различни семејства“, рече потпретседателката на Владата.
„Успеавме и минималната плата да ја зголемиме и апсолутно немаме дилеми дека тој тренд ќе продолжи. Во последниве девет години немало ниту една година кога порастот на просечната плата бил волку висок. Некаде околу две илјади денари е разликата што ја постигнавме. И тука не завршуваме. Затоа, секој пат кога ќе кажат: ‘А каде се 500. евра?’, ние бевме многу прецизни – рековме дека на крајот на мандатот ќе обезбедиме просечната плата во Македонија да биде 30.000 денари“, додаде Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.