Имаме работа со најнеспособната влада во историјата на државата, посочи носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, зборувајќи за инфраструктурните проекти за време на соочувањете на носителите и кандидатите за пратеници од третата изборна единица на „Топ тема“.
Патниот правец Миладиновци-Штип, Велес до клучката Свети Николе-Штип, реновирање на автопатот Велес-Скопје и обратно, како и реновирање на секцијата околу Градско. Отпочнување на градба на Штип-Кочани, Штип-Радовиш, целосно завршување на проектната документација за Крива Паланка. Речиси се започна со изградба на патот Крупиште-Пробиштип, се направи документација и се обезбедија финансии. Од тој момент, до ден денеска, три и пол години неспособните од СДСМ на власт камче не ставија на тие патишта, ама буквално камче. Еве веќе три недели јавно ги повикувам да кажат кој е еден проект што го смислиле, го финансирале и барем почнале да го градат. Нема таков! Сè што има од инфраструктура во ИЕ3 е направено од ВМРО-ДПМНЕ. Имаме работа со најнеспособната влада во историјата на државата. И ја слушаме госпоѓа Шахпаска без никаков срам зборува за патот Миладиновци-Штип дека е нивен проект, надвор од памет!, посочи Јанушев.
Јанушев го посочи прашањето кон кандидатката за пратеник од СДСМ Јагода Шахпаска, која иако вешто одбегнуваше да одговори, не знаеше да каже инфраструктурен проект осмислен, финансиран или започнат од нејзината партија.
Сличен „одговор“ имаа и другите кандидати за пратеници на СДСМ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.