Иако лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера вети и одложено плаќање на кредити и „нов, огромен пакет економски мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните“, засега ни Народна банка ни Министерството за финансии ни банките немаат ткаов план.
Владата сè уште анализира дали на граѓаните треба да им се овозможи одложување на обврските кон банките по основ на земени кредити за неколку месеци. За ова да биде возможно според министреката за финансии непходно е се согласни деловните банки, НБРМ и Владата.
Ова е нешто за кое што треба волја и од Народната банка, волја и од останатите комерцијални банки, затоа што комерцијалните банки ако ви дозволат реструктуирање, одлагање на кредитите, ако тука нема промена на одлуката на Народната банка тие кредити ќе го зголемат процентот на нефукционални кредити во портфолиото, рече Ангеловска.
Македонските банки досега најавија олеснителни околности само во смисла на бесплатно електронско банкарство и откажување од провизиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.