Секретаријатот за европски прашања објави оглас со кој вработува 13 државни службеници: девет Македонци, тројца Албанци и еден Ром.
Во огласот се бараат 10 раководители, помлад соработник и двајца советници: помошник-раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија и архивско работење за плата во нето-износ од 31.414 денари, за раководители на одделението за јазична ревизија и терминологија, на одделението за буџетска контрола, на одделението за програмирање на европски фондови и на одделението за внатрешен пазар и конкуренција и на други одделенија за нето-плата од 28.286 денари.
Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за објавените огласи за вработувања во јавната администрација рече дека во администрацијата се пополнуваат работни места од 2017 година.
Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат, и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.