Секој втор невработен не бара работа односно се наоѓа во категоријата пасивни баратели, објави „Сител“.

Единствено стануваат активни баратели на работа само кога можат да искористат некоја од бесплатните обуки на Агенцијата за вработување. Во моментов 180 илјади лица се невработени но од АВРМ велат дека бројката се намалува. Од денеска почнуваат и обуки на вработени во агенцијата како советници за работодавачите.

Надлежните велат тие ќе имаат обврска да им помагаат на работодовачите да го најдат потребниот кадар за работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.