Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека јавниот долг годинава ќе достигне околу осум милијарди евра или близу 64 проценти, согласно проекциите на Министерството за финансии во Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026.

Од партијата велат дека тоа практично значи дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра.

Владата веќе тргна да ги наплатува овие пари преку „зелени“ такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите. Владата планира догодина да го качи јавниот долг над осум и пол милијарди евра. Тоа се 66 отсто од БДП. Тоа се шест процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна Владата на СДСМ во 2017 година.

 

Изминативе години освен редовните аукции на Министерството за финансии, кредити кај домашните банки и меѓународните финансиски институции, се земаа и еврообврзници по рекордни суми. 

 

Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари. Капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20 отсто за половина година. За сметка на тоа, секојдневно читаме за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта. Во очекување на објавата на редовните податоци на Министерството за финансии на 30 јули 2021, прашуваме на што ги потрошивте парите – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.