Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и владата со која управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра, предупредуваат ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра.
Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%. Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти, се вели во соопштението од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%.
Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на Буџетот.
Заев мора најитно да одговори:
1. Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?
2. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?
3. Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? и
4. Дали од потрошените пари државата има додадена вредност?
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност.
Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.